Мотори во континуитет се оставаат онаму каде што не треба. И покрај видно обележаното известување да не се паркираат пред врата, нешто што треба да е дел од елементарна и сообраќајна култура, поединци моторите ги оставаат точно пред врата. Заклучокот е едноставен – инаетот станува поголем од елементарната култура, па на потег е полицијата , онаму каде што не помага збор, можеби ќе помогнат казните.