16.1 C
New York
Monday, September 26, 2022

Buy now

spot_img

Пејпер Мил од денес повторно работи.

По прекинот во работењето и подобрувањето во системот за испуштање издувни гасови од фабричкиот оџак, од денеска компанијата за рециклирање хартија „Пејпер мил“ од Кочани повторно почна со производниот процес.

Производството беше запрено пред околу еден месец, со одлука на раководството на фабриката, откако Државниот инспекторат за животна средина издаде решение таа да работи единствено на котел на природен гас, сè до моментот на решавање на проблемот поради кој се јавило надминување на пропишаните гранични вредности.

„Согласно последните мерења на акредитираната лабораторија, емисиите во воздух на речиси сите параметри беа во рамки на А-интегрираната дозвола, а отстапки беа евидентирани единствено во емисијата на јаглероден моноксид. Во текот на едномесечниот прекин на работењето, „Пејпер мил“ интензивно работеше на финализирање на унапредувањето на производствените процеси во насока на обезбедување на поголема енергетска ефикасност, а со тоа и дополнително намалување на емисиите. За намалување на нивото на јаглероден моноксид и негово доведување во граничните вредности, како и подобрување на перформансите на ложиштето на котелот за подобро согорување на горивото, инвестирано е во дополнителни вентилатори и каналски систем. Направено е и детално чистење на котелот на биомаса, а поставени се мерни и регулациони инструменти со кои се врши автоматска регулација и континуирано следење со нивото на емисии“, стои во известувањето од компанијата „Пејпер мил“.

Од кочанската фабрика за хартија нагласуваат дека дополнително е подобрен и системот за одземање цврсти честички од издувните гасови, односно унапредени се перформансите на таканаречениот вреќест филтер. Подобрен е и технолошкиот процес што директно влијае на потрошувачката на пареа, односно инсталиран е нов вакуум систем и систем за фино прочистување на масата.

Во изминатиот едномесечен период, додека траеше прекинот во работењето, „Пејпер мил“ ги задржа сите 109 вработени со исплата на целосна плата, а од денеска целиот колектив повторно се врати на работа.

По финалните прилагодувања во текот на работниот процес, кон крајот на август акредитирана лабораторија ќе изврши контролни мерења на испуштањето издувни гасови од фабричкиот оџак.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,504FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles