Продажбата на бела техника се зголемува постојано, а најголем раст салоните имаат токму сега, во време на криза и пандемија предтоа. Оваа констатација за основа го има растот на приходите кај најголемите трговци со бела техника, компјутери, телевизори, и разни други технички помагала и апарти за домаќинство.
Во нашата држва најголеми компании во овој бизнис се „Нептун“, „Сетек“, „Техномаркет“ и „Анхоч“, и сите тие минатата година направиле вупен приход од неверојатни 155,7 милиони евра, дури 17,5 милиони евра повеке отоклку една година претходно.
Така, Нептун имал 69, Сетек 50,500 000,Техномаркет 16.520 000 и Анхоч16.500 000 евра приход.
Како граганите го објаснуваат масовното купување на бела техника кга се збирува дека се нема пари за ништо?
Од друга страна, Според Центарот за истражување на глобалниот пазар „Euromonitor International“, глобалниот пазар на големи апарати пораснал за 3% што е тренд во Европа.
„Главните двигатели продолжија да бидат еономските пакети за стимулација на потрошувачите, ниските каматни стапки, континуираните хибридни работни аранжмани и растечкиот пазар на станови“, констатираат аналитичарите од Euromonitor International.
Сепак, убавите денови на овој бизнис веројатно ке привршат бидејки големата криза е овде и ова е нешто поинакво од пандемијата, предвидуваат аналитичарите. Покачувањето на цената струјата за овој бизнис воопшто не е добро а пари за експерименти во готвењето нема бидејки цените на храната отидоа многу високо, , анализира „Euromonitor International“.