Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на престојот во Република Полска, оствари билатерална средба со министерката за семејство и социјална политика на Република Полска, Марлена Малаг. На официјалната посета на македонската делегација предводена од министерката Тренчевска беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Министерството за семејство и социјална политика, од страна на двете министерки.