15.1 C
New York
Sunday, October 2, 2022

Buy now

spot_img

СВР Штип: 18 казнети моторциклисти

Засилената викенд контрола од страна на штипскиот сектор за внатрешни работи покажа дека сообраќајната дисциплина кај сопствениците на моторцикли се помалку се почитува. Санкционирани се 18 прекршоци, меѓу кои 4 за управување мотоцикл без возачка дозвола, по еден за нерегистрирано возило, за измината важност на сообраќајната дозвола и за измината важност на осигурителната полиса, 6 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. При контролата констатирани и законски санкционирани се и 5 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, со апел до сопствениците на моторцикли строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,509FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles