Веќе 30% од граѓаните наместо денешен, купуваат леб од вчера.Кризата им бркна многу длабоко во џебовите и тие се принудени да штедат и на лебот.
Во однос на минатата година, бројот на граѓани кои од немај каде создале други навики е поголем.
За граганите оваа одлука е разбирлива бидејки егзистенцијата е под голем прашалник.
Во Штип има неколку пунктови каде што се продава леб од вчера и завчера,а цените се различни.
Освен оние со најниските примања и кои очекувано е да се сретнат на овие места,се почесто тука се среќаваат и граѓани со повисоки примања.Секако, тие јавно за ова не сакаат да зборуваат, но,нивното присуство е изненадување.
Леб од вчера чини во просек 20 од завчера 17,а има и цена за ултра евтин леб која е десет денари. Интѕересно е што до пред извесно време заостанатиот леб се рециклираше за повторна употреба . сега од него безмалку не останува ништо за рециклажа.