4200 денари е новата цена за кубик огревно дрво,која засега ќе го реши проблемот со снабдување на дрва на штипските пензионери.Новата цена е договорена и прифатена и од снабдувачите и од пензионерите
Значи ли ова дека сите 500 договори повторно се активни и кој е рокот на испорака и дали пензионерите можат да бидат сигурни
Паралелно со ова пензионери предупредуваат на измама од прв степен.
Таман се порадував дека ќе стигант дрвата, но еве што се случи. Вчера ми се јавија некои лица, наводно биле ангажирани за носење на дрвата на штипското здружение. На почетокот соговорникот кој наводно ги носи дрвата, ми кажа дека е од Кочани и оти Штип воопшто не го познава.Ми стана сомнително. Штип е мал град, а мојата улица е во центарот на градот и на неа можат да поминат и два камоиона заедно. Кога стигнаа во Штип , барем така ми се јавуваа по телефон, ги ориентирав каде да одат и побрзо да стигнат до мене. Час ми велат дека се кај Џамијата, потоа ја минале полициската станица, па отишле кај Промајата ,за да ја заокружат замислата и нивната , нечесна игра, повеќе не ми се јавуваа,едноставно ги снема.По ова случајот го пријавив во полиција, изјави за ТВ Стар еден од потенцијално,но неуспешно измамен пензионер.
И во штипскиот СВР Штип имаат примено пријави за обид за измами. Од таму – предупредуваат
Ги предупредуваме граѓаните,строго да обрнат внимание кон оние кои наводно се претставуваат како испорачатели на дрва за огрев. Да ги проверат нивните телефонски броеви и нивната наводна врска со било каква асоцијација или здружение на пензионери,или пак, веднаш да ги пријават во СВР Штип, стои во аплеот од СВР Штип.
Досега во Штип се испорачани едвам 30 % од потребните количини на огревно дрво, поради проблоемот со новите ценки. Трговците убедуваат дека до почетокот на грејната сезона дрва ќе имаат сите.