11.2 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Децата кои во Штип го нападнаа негователот долго биле проблематични, насилни , претенциозни и небезбедни за воспитувачите. Ја изгуби ли системот битката

Трите деца без родители кои со нож го нападнаа негователот долго биле проблематични во секоја смисла. Константно покажувале непослушност, често биле насилни, а знаеле да бидат и претенциозни во барањата за себе.
Случајот со нападнатиот неговател е последен бидејќи трите деца браќа беа кошмар и досега за сите негователи кои беа со нив. Често на помош ги повикуваа и колегите, но и своите сопрузи за да се заштитат од нив, вели вработен од центарот за социјални работи во Штип за ТВ Стар.
Освен за вработените овие деца проблеми прават и на станарите од зградата во која тие се сместени.
Поради сето ова и не успевајќи педагошки да го решат проблемот негователите не често преминувале методи на придобивање и попустливост која на крајот не им се вратила со добро.
Имено според истите извори децата се здобиле со преголема самодоверба која преминала во арогантност и претенциозност. Барале брендирани патики, прослава на родендени во кафеани, а имале и други нереални барања.
Иако во овој случај децата кои се на возраст од само 12 до 14 години се во главна улога сепак според ова заклучок е дека системот, сепак затаил, не се снашол како што треба и сите одговорни заедно не успеале да се справат со карактерот на овие деца.
Инаку негователот кој беше нападнат со нож во ценарот за случајот дал писмена изјава, но и усна напомена дека по завршување на годишниот одмор со истите деца несака повеќе да се сретне.
Директорот на центарот за социјални работи во Штип вчера во телефонски разговор случајот го потврди со напомена дека случајот е интерна работа на центарот и дека тие ќе го решаваат.
Интерес да сподели детали со јавноста не покажа.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,498FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles