3.8 C
New York
Sunday, December 4, 2022

Buy now

spot_img

Со посредство на градоначалникот Иван Јорданов,  Интракат и Бетон се договорија. Патот за изградба на штипската болница е отворен

По три години, судски рочишта и изгубено време, конечно се надминати сите правни пречки за  продолжување на активностите за  изградба на клиничката болница во Штип.

Главниот изведувач, грчката компанија Интракат и подизведувачот Бетон од Штип, постигнаа вонсусдска спогодба, со што градбата на болницата може да продолжи.

Постигнатиот договор  меѓу двете компании, ги зголеми и очекувањата дека на новиот објект на клиничката  болница во Штип за најбрзо време ќе се продолжи со работа.

Договорот меѓу Интракат и Бетон е постогнат во вонсудска постапка, а со огромен ангажман и посредство на штипскиот градоначалник Иван Јорданов, кој се најде во улога на медијатор помеѓу двете компании.

Новиот објект на Клиничлката болница во Штип , инвестиција вредна 56 мил евра, се гради на површина од 34.000 м/2  и во неа треба да има 354 легла.

Изградбата на болницата започна во 2016 година и првично таа требаше да биде готово до 2018 –та, рокот потоа  се продолжи на 2020-та. Поради пролонгирање на роковите и долгиот застој, Банката на советот на Европа го повлече кредитот од 13 милиони евра, па пари за изградба сега се обезбедуваат од Министарството за здравство.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,596FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles