Тутунарите се во неизвесност и сеуште не знаат дали годинешниов труд ќе им се исплати. Цените на тутунот не се дефинирани што нив посебно ги загрижува.
За да најдат пристојна сатисфакција според нив цената на тутунот би требала да биде следната.
Откупот на тутунот започна на 15 месецов и годинава се очекува да се соберат 26 милиони килограми,а моментално се откупува по цена од 250 до 260 денари за килограм. Сепак откупот може да може да најде на проблеми доколку не се постигне ценовен баланс.
Производителите на тутун се категорични дека годинешнава реколта нема да ја предадат по цена пониска од за нив рентабилната.