Буџетот за 2023 година треба да донесе сигурност, стабилност и економски раст, истакна денес премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција на која го образлагаше буџетот за наредната година.
Според него, фокусот на Предлог-буџетот е во неколку столба, односно справување со последиците од кризата и поддршка на најранливите, стабилен економски раст, поддршка и интензивирање на процесот на ЕУ интеграции, како и транспарентност и отчетност кои ќе се постигнат преку покажани резултати и имплементација на буџетот.
Според Ковачевски, стабилниот економски раст следната година ќе се обезбеди преку одржување на макроекономската стабилност и понатамошна фискална консолидација, како и преку капиталните инвестиции. За 2023 година се проектирани 52,3 проценти повеќе капитални расходи во однос на 2022 година.
Буџетот за наредната година е проектиран на 5,3 милијарди евра и е најголем доаега.