За една година, над 1.500 лица пријавиле насилство по дома. 250 од жртвите се мажи, 220 деца, а останатите се жени, покажуваат извештаите на центрите за социјална заштита.
Се менува и типот на насилството, па ќотекот, сега е на второ место. Доминираат притисоци кои оставаат долгорочни трауми.
83 лица , жртви на семејно насилство се сместени во т.н. шелтер центри, а од страна на судовите се изречени 1.823 пресуди за спроведување на привремени мерки.
Охрабрува податокот дека , во споредба со претходната година, оваа бројот на жртви на семејно насилство е намален за 4,3 %, но истиот и понатаму е висок.
Исто така, постои сомнеж дека насилството што се случува зад затворените врати на домовите, во голем број случаи се уште не се пријавува, од страв и срам.