Приказната не е завршена за проблемот, дали оризот да се прогласи за стратешка култура и истиот да се најде во државните стокови резерви тврди за ТВ Стар, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков, нагласувајки дека ова се нивни два предлога за измени на соодветната законска регулатива. Се надева дека, како точка на Дневниот ред,пред пратениците ќе се најде на продолжението од прекинатата 74 седница на Парламентот.
Реакцијата на Лефков доага откако оризопроизводителите вчера за ТВ Стар го објавија владиниот документ, односно, мислење со кое наведувајќи повеќе аргументи од финансиски карактер, Владата се воздржа од позитивно мислење за, оризот да се најде на списокот на државни стратешки култури, ниту пак на листата од Државни стоковни резерви.
Поради ова и проади досега неисполнетите останати барања, оризопроизводителите најавија повторна блокада на Регионалниот пат Штип – Кочани , кај Облешево.