2.6 C
New York
Monday, February 6, 2023

Buy now

spot_img

Расипан главниот рентген апарат во КБ – Штип

Главниот рентген апарат во КБ – Штип е надвор од функција. За снимање, пациентите се испраќаат во останатите  општини, главно во Свети Николе или Кочани.

Ова е проблем кој на виделина го извадија матичните лекари кои тешко можат да дојдат до термин за рентген снимање, а наплив на пациенти има се повеќе.

Од Болницата го протврдуваат проблемот и информираат дека во прашање е голем дефект , за чие санирање чекаат понуда од сервисерот. Во меѓувреме, за ирни снимања се користи т.н. мобилен рентген апарат.

Ние уште ја чекаме понудата од сервисерот, кој е единствен овластен за поправка на јапонскиот апарат. Дотогаш пациентите ќе се сликаат на подвижниот. Значи матичниот за итна потреба треба да го упати пациентот на смецијалист, кој ќе одлучи дали треба да се направи итна ренгенска снимка, па ако е потребно ќе се направи и ренгенска и компјутерска снимка. Ама тоа, сепак, треба да го направи дежурниот специјалист, информир  директорот на Болницата, Ален Георгијев.

Поради големиот притисок врз болницата за снимање, досега на апаратот кој треба да служи како помошпен, се направени околу 600 снимања.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,701FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles