Полека но сигурно се полни Инфективното одделение во КБ – Штип, изјави началничката Дијана Шишкова.
Пациенти на ова одделение има од сите делови на регионот, меѓутоа доминираат од Кочани, каде нема ниту слободни кревети ниту соодветен лекарски третман.
Според Шишкова, кај двајца од пациентите е потврден ковид, останатите се со вирози и со грип од типот А.