Државата веднаш да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија по принципот како во сите европски и балкански држави, со соодветен план и стратегија за опфаќање на целата популација која е заболена од оваа ретка болест. Ова беше побарано на денешниот протест пред Владата, организиран од Асоцијација за цистична фиброза, од кој беше апелирано за право на модулаторна терапија за сите пациенти со ова болест.