3.5 C
New York
Friday, March 31, 2023

Buy now

spot_img

Битиќи: Првите странски работници кои ќе дојдат во Македонија ќе бидат од Западен Балкан. Биснисот скептичен

Првите странски работници кои ќе дојдат во Македонија ќе бидат од Западен Балкан. Тоа е Регионот  од каде Државата ќе се обиде да привлече повеќе работна сила за домашните компании.

Ова денес во интервју за Дојче Веле, го истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, уште еднаш потенцирајќи дека пазарот на работна сила мора да се либерализира:

Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, се’ уште е отворена дилема. Фокусот во старт е регионот на Западен Балкан. Идејата е да се зголемат и годишните квоти, а ако има потреба и општа согласност, да се таргетираат и трети земји , кажа  Битиќи.

Од друга страна, бизнис секторот е скептичен дека работниците од Западен балкан ќе го решат проблемот со работна рака во Македонија.

Во истовреме, многу попривлечна дестинација за работниците од Западен Балкан, веројатно е Германија. Тамошната влада исто така најавува либерализација на легислативата за работна миграција, а квотата за работни имигранти од Западен Балкан се очекува двојно да се зголеми, од сегашните 25.000 годишно на 50.000 во иднина.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,757FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles