4.3 C
New York
Friday, March 31, 2023

Buy now

spot_img

Сиромаштијата се повеќе притиска. Дури половина од парите ги трошиме за храна

Дури  47 % од омашниот буџет во Македонија се троши само за елементарна прехрана, покажуваат најновите истражувања на Евростат.

Речиси половина, а некаде и повеќе од тоа, од парите на граѓаните завршуваат само за да се наполни фрижидерот и стомакот што според економистите е показател на се’ поголема сиромаштија,:

Според универзитетскиот професор Здравко Савевски, во време на криза, неопходна е разионализација на трошоците и водење сметка за начинот на кои располагаме со ресурсите.

Тоа вклучува правење напори да се избегне фрлање храна, нецелисходното трошење струја, „палењето“ на колата за најмали потреби. Сето тоа не е само фрлање драгоцени ресурси, туку и фрлање пари. Ако не дојде до зголемена рационализација на потрошувачката, тогаш, во услови на инфлација, може да дојде до зголемена тешкотија да се врзи крај со крај во месецот и запаѓање во должничко ропство, со сите негативни реперкусии што тоа го носи на одложен рок – потенцира Савески.

За разлика од кај нас, во најразвиените европски земји само 10-тина проценти од расходите во семејствата се трошат за храна и безалкохолни пијалоци.

Сепак, и во ЕУ има разлики. Бројките покажуваат дека најголем дел од семејниот буџет за храна и безакохолни пијалоци се троши во Романија, каде трошокот достигнува 24,8 проценти. Потоа следува Литванија со 20,4 отсто, Бугарија со 20,1 процент и Естонија каде 19,9 проценти одат на основни трошоци.

Спротивно на нив, најмали трошоци за основни потреби од Европските земји има во Ирска каде се одвојуваат само 8,3 проценти за храна, па Луксембург каде девет отсто одат на храна, додека во Австрија овој трошок достигнува 10,9 проценти, по што следуваат Данска и Германија каде за храна и безалкохолни пијалоци се трошат 11,8 отсто.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,757FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles