Најдоцна за две години може да се очекуваат видливи резултати во врска со отворањето на граничниот премин Клепало, чие отворање жителите на пограничните општини Берово и Струмјани го очекувата повеќе од 40 години.
Отворањето на овој премин, е од исклучително значење за Берово и Струмјани, не само за подобрување на комуникацијата, туку и за зголемување на економските можности.
Близу 30 проценти од целата прекугранична програма меѓу Бугарија Македонија која е близу 10 милиони евра, а наменета за изградба на пропратна инфраструктура и отворање на Клепало.
Средствата, ќе бидат рапсределени меѓу Царинската управа на македонска и обласната управа на бугарска страна, чија обврска е завршување на преостанатите активности.
Во моментот од бугарска страна недостигаат осум километри пат кои водат до граничниот премин Клепало, додека од македонска страна ќе биде потребно реновирање на веќе постоекиот пат кој со тек на времето беше оштетен, но и рехабилитација на дел од патот.