Автокоманда е почетната точка на штипскиот гртадоначалник Иван Јорданов во пролетното еко чистење на населбите. Заедно со граѓаните, заложбата за еко чиста урбана средина е приоритет.
Заедно со вработените од јавните претпријатија, граѓаните од оваа населба заедно се вклучија во расчистување на населбата.
Останатите кои живеат тука заедно со градоначалникот во вреќи го собираа она што несовесните придонесоа до непристојна еколошка слика. Освен чистењето во градските населби, продолжува и акцијата за пошумување на голините околу градот. По акцијата во месноста Кумлак, за наредните викенди се планирани пошумувања и на останатите локации. Во мегувреме, по барање на граѓаните, од ЈП Исар во оваа населба денеска постави четири клупи. Се планираат над 50 тина клупи да се постават и во останатите градски населби,онаму каде граѓаните ќе побараат.