Општина Делчево распредели средства од Буџетот за поддршка на проекти и годишни програми на граѓански и спортски здруженија за 2023 година. Одлуката е донесена од страна на соодветните комисии кои ја соопштија листата на граѓанските организации и спортските клубови кои добиваат финансиска поддршка од Општина Делчево во 2023 година
„ Општина Делчево распредели 1.160.000 денари од планираните 1.290.000 денари во Буџетот за поддршка на проекти и годишни програми на граѓански и спортски здруженија за 2023 година“, велат од Општината.