Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија се важни и апелираше до српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти да бидат конструктивни во дијалогот. Договорите под покровителство на ЕУ во Охрид се важни и очекувам претседателот на Србија и Албин Курти да бидат конструктивни и да напредуваат. Ова е клучно за долгорочната стабилност и иднината на регионот во Европа и евро- атлантска структура – напиша Столтенберг на Твитер.