Во период од 15 до 21 мај 2023 година во земјава Државниот пазарен инспекторат извршил над 600 надзори. Оттаму информираат дека за време на надзорите се констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари. „Државниот пазарен инспекторат постапува и по Одлуките донесени од страна на Владата кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. По овие Одлуки во горенаведениот период, извршени се над 170 надзори, а издадени се 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,150,000 денари“ велат од ДПИ.