Денес беше презентирана апликацијата „Мое здравје“ преку која секој граѓанин ќе има увид во податоците за сопственото здравје, поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци. Реализирани прегледи кај матичен лекар, специјалистички, лабораториски, дијагностички и болнички упати, рецепти, примени вакцини.Според министерот за здравство Фатмир Меџити, таа ќе го трансформира начинот со кој управуваме со нашето здравје.
Апликацијата овозможува лесен, брз и ефикасен пристап до медицинската историја на граѓаните.
На крајот на презентацијата се додадоа два многу битни предлози кои недостасуваат на апликацаијата, додавање на крвна група и алергиски реакции на пациентите, кога веќе тоа е нешто лично и им треба многу често.