Според Светската организација за храна- ФАО Македонија се наоѓа на четврто место во Европа по недостиг на храна. Од друга страна податоците на нашата Банка за храна велат дека во Македонија според нивни сознанаија велат над 70.000 луѓе во земјава од кои повеќето се деца имаат само два до 3 оброка неделно.
Според Христов, во влада има и предлог закон со кој ќе се контролира вишокот на храна во државата, а народните кујни ќе можат да ја делат на оние на кој им е најпотребна и да продолжат со работата како и досега.
Според неговите податоци кај нас најмногу се фрлаат кондиторски производи чоколади, колачи, ресани. Според досегашните закони на компаниите им беше поефтино да ги фрлат вишоците отколку да ги донираат.