ИПА проектот Активација на ранливи групи на пазарот на трудот во соработка со Агенцијата за вработување, има цел да ја намали невработеноста и зависноста од гарантираната минимална помош со вклучување на овие лица во пазарот на трудот преку советување и обуки. Целта на новата пилот програма е овозможи на невработените лица од ранливи категории, кои бараат работа и се со ниски или ирелевантни вештини, да завршат средно стручно образование и да добијат формална диплома издадена од државата. Проектот ги покрива сите трошоци за нивното школување заклучно со матурирање и стекнување диплома. Досега за дообразување се пријавиле 140 лица, а од нив 78 се со потпишани договори.