Подготовките и организаицијата за големиот Меморијален турнир легендите на Спартак кој традиционално се одржува секоја година во Кочани се веќе при крај.
Боречкиот клуб Спартак од Кочани и годинава е организатор на 23 по ред Меморијален турнир во борење Слободен Стил. Досега се пријавени голем број клубови од цела Македонија но има и клубови од Србија, Грција, Косово и Бугарија.
Право на настап на турнирот ќе имаат момчиња родени 2009 – 2012 и девојчиња , родени 2010 – 2012.
Според правилникот, секој боречки клуб ќе има право на настап со по еден натпреварувач во секоја натпреварувачка категорија.
Натпреварите ќе започнат во 11 часот а финалните во 15 часот во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ .