Економијата оди во добра насока благодарение и на поддршката од САД и сите останати пријатели на Македонија. Од земја со огромен број на невработени и големи социјални проблеми, сега имаме зголемување и на платите и на пензиите, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Според Ковачевски, Македонија што побргу треба да стане членка на ЕУ и да го достигне стандардот од некогашна Југославија кога граѓаните имаа подобар живот од оние во Бугарија, Словачка, Чешка и други земји.