Цената на струјата од јули е неизвесна бидејки анализите дали стапката на ДДВ ќе остане на 10 или ќе се врати на 18%, сеуште не се завршени, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битики.
Според Битиќи, до јули, што е повеќе од месец , во енергетскиот сектор е долг период, но дали ДДВ од 18 % ќе надокнади за ефтината тарифа ќе биде само за домаќинставата.
Оттука, цената на струјата Регулаторната комисија ќе може да ја дефинира при крајот на јуни до кога ќе стигне и понудата од ЕСМ до ЕВН Хоум, констатира Битиќи.
Од Стопанската комора за енергетика велат Цената на струјата ќе падне.
Во моментов, цената на струјата во висока тарифа блок 1 е 4,72 денари, блок 2 е 5,15 денари за киловат час,како и 2,679 денари надомест за пренос и дистрибуција на електричната енергија, но независно од цената која ќе биде одредена, се очекува и враќање на ефтината дневна тарифа.