На околу 150 метри квадратни неискористена гола земја , со многу труд, креативност и добра намера штипјанецот Влатко Арсовски напиша ретко убава детска приказна. 39 годишниот Влатко реши корисното да го спои со убавото и во договор со неговите, но и децата од соседството за нив направи место за забава и игра. На проектот Двор за сите деца од маалото Влатко вели дека работи речиси една година. Трудот кој воодушевува сега го потенцираат сите а признание оддаваат и малите и возрасните. Сепак, освен децата, во Дворот за сите убави мигови веке минат Влатко со сопругата , но и други соседи. Задоволството го делат со децата, а скромниот Влатко вели дека сета среќа е негова кога во приказната што ја созададе главни јунаци сепак, се децата.