Бугарија се надева дека до крајот на годината ќе стане членка на Шенген зоната и покрај сегашното противење на Холандија и Австрија за прием на земјата во зоната на слободно движење на ЕУ, кои и забележуваат на Софија дека не прави доволно за да ја спречи илегалната миграција од Турција. Порталот „Еуроактив“ наведува дека од Хаг пристигнуваат дипломатски сигнали оти Холандија би можела да го укине ветото за прием на Бугарија во Шенген зоната по предвремените парламентарни избори во ноември, со што Австрија би останала единствената земја што би се противела на бугарското членство.