Со грчки знамиња, крстови, икони, темјан, но и со говори, стотици Грци, организирани преку социјалните мрежи, вечерва одржаа мирен протест во центарот на Атина против новите биометриски лични карти што ќе ги воведе грчката Влада.
„Дигиталната лична карта е твојот дигитален затвор“; „Не за електронското ропство“ беа дел од слоганите на транспарентите на демонстрантите. Насобраните порачаа дека нема да ги прифатат новите лични карти, а упатија и критики до Грчката православна црква затоа што, како што рекоа, не ги поддржала, а на протестот не дошол нити еден митрополит.