Полицаец (38) со пушка ја застрелал 42-годишната сопруга, по што и самиот си пресудил, пренесуваат грчките медиуми. Инцидентот се случил утрово во стан во населбата Каламарија во Солун. Според „Прототема“, двете деца на двојката сè уште не знаат ништо за злосторството. Нив утрово нивниот татко ги одвел на училиште непосредно пред да го изврши крвавиот чин.
Според информациите на грчките медиуми, полицискиот службеник Л.М. служел во одделот за технички апликации на северна Грција и немал службено оружје.
Ја застрелал сопругата со пушка, при што смртно ја ранил во стомакот.