Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека решението за проблемите во односите со С. Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ и во почитувањето на човековите права. Тој посочил дека Бугарија отсекогаш била двигател на европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Според зборовите на шефот на бугарската држава, искажани во интервју за грчката државна новинска агенција АНА-МПА, „повеќе не треба да се зборува за бугарско вето, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули минатата година и договорена преговарачка рамка.