Во голема полициска акција во Албанија, уапсени се 233 лица дилери на дрога, се трага по уште 82 лица.
Дилерите кои припаѓале на дури 23 криминални групи продавале дрога на деца, и главно оперирале околу училишта. Меѓу запленетата дрога, се шарени кутивчиња, спакувани како бомбони во различни бои, со цел да им бидат по примамливи на децата. Според директорот на државната полиција, Мухамет Румбулаку, во рамки на акцијата извршен е претрес на 356 објекти и запленети се разни предмети поврзани со препродавањето дрога. Во акцијата учествувале 3.000 полицајци во повеќе градови низ државата.