Неколку стотици артикли содржи листата со намалени цени која Владата треба да ја усвои утре, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
Намалените артикли ќе бидат одбележани со видлива графика, а намалувањето е 10 % од цената на 31 август.
Освен за храна, листа со намалени цени со предвидува и за пијалоци. Денес министерот најави средба со производители и трговци од која очекува позитивна реакција.
Министерот Бектеши вели дека манипулации со намалувањата на цените се исклучени а инспекциите во строги контроли ќе тргнат уште во среда наутро. Нивното ново овластување овозможува освен казни и затварање на маркетите.