Во Србија со измените на Кривичниот законик (КЗ), предложени од Министерството за правда, се предвидува за сите облици на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и казна доживотен затвор.
Министерката за правда Маја Поповиќ изјави дека значително ќе се заострат казните за семејно насилство, а согласно иницијативата на родителите на убиените деца на пешачки премини и во јавниот сообраќај, ќе се менуваат и санкциите за тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот.