14.7 C
New York
Thursday, September 21, 2023

Buy now

spot_img

Ампева: Изградија “кули и градови” а се жалат дека во текстилството нема пари

Ако текстилната индустрија има ниска додадена вредност, зошто тогаш некои од работодавачите имаат хотели, ресторани и вили во странски држави? Ова е едно од прашањата кои ги постави

Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева, во интервјуто за порталот Работник.

Работодавачи велат дека прекршувањето на работничките права некогаш сега им се вратило како бумеранг, Како гледате на ова?Ампева: Странските инвестиции повеќе ги почитуваат законите и правата на работниците (К-15, годишен одмор, минат труд, прекувремена работа…), а многу од домашните компании не ги почитуваат, па затоа не уживаат добра репутација. Ако само се кука по телевизиите од страна на работодавачите, тоа не е воопшто добро. Има брендови коишто сакаат да бидат тука и би платиле дефинитивно и повеќе, бидејќи нема да мора да ја носат и порачуваат робата од Кина или Индија. Во Македонија им е подобро, бидејќи и во соседните држави има текстилна индустрија, но ние не можеме да одговориме на нивните потреби.

Работодавачите велат дека текстилната индустрија прави помалку профит?

Ампева: Да, ниска е додадената вредност, но еве нека ми објаснат како тоа работодавачите, од Штип и регионот, изградија хотели, ресторани, имаат еден куп вили надвор од државата? Тоа што имаме лон производство е нивна вина. И сега што? Се покачи минималната плата и сега ќе се вадиме со тоа дека немаме продуктивност. А каква продуктивност сакаме да имаме кога на работниците не им даваме соодветно годишен одмор. Им даваме по четири – пет дена годишен одмор.

Колку се прекршуваат работничките права денес, кога работници има сѐ помалку?

Ампева: Оние коишто најгласно се жалат дека немаат работници и дека нема додадена вредност, дека шиеме лон производство и дека државата треба да помогне или дека требаат работници и потребен е увоз на работна сила, тие се оние коишто не ги почитуваат работничките права. Оние кои работат законски, коишто се трудат и кои се вистински работодавачи, ниеднаш нема да ги видите на телевизија да речат тешко е., вели меѓу другото Кристина Ампева во интервју за порталот Работник.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles