Бидејќи малопродажните синџири во јавноста и медиумите најчесто се нарекуваат профитери, Хрватското здружение на работодавачи нарача голема економска анализа на трговијата на мало, а една од главните пораки од нејзиното јавно претставување беше дека инфлацијата не влијае на промената на трговците на мало. бруто маржи и тоа „во малопродажбата работи за големи пари“.
Хрватското здружение на работодавачи имало потреба од ваква анализа и ја нарачало, но во екот на големите економски потреси и борба ценовното тло да се стабилизира, нашите сопственици на големи супер маркети ваква потреба немаат. Едноставно, тие не сакаат јавноста да знае колкави се нивните маржи.
Што се однесува до маржите, тие во 2022 година во просек изнесувале 26,3 отсто во малопродажниот сектор. Кај националните синџири тие се нешто повисоки, 27,6 отсто, а во регионалните пониски 21,1 отсто, велат аналитичари на оваа трговска сфера.
Дали ова е многу , малку или нормално за овој сектор?
Но, освен овие, забележани се и натпросечни маржи кои достигнуваат и до 30 отсто и тоа и за комоании кои важат за дисконтни.
Во големата трговија има правило дека маржата е мала но се смета на голем промет. Брз обрт на пари и свеж капитал во секое време за да се купува штп поефтино или жестока трка со време и пари.
Тогаш, каде одат големите пари и кои се профитерите ? Во Македонија бизнисот со трговија на мало во супермсркетоте е вреден околу милијарда евра . Најголем промет има КАМ, а потоа се Тинекс маркети, Стокомак, Кипер, Веро, и други