-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img
Home Blog

Бугарија: “Новиот премиер“Петков под истрага

0

Рокот на проверка на државјанството на поранешниот привремен министер за економија Кирил Петков е продолжен до средината на декември. Обвинителството соопшти дека истрагата против Петков трае речиси еден месец по формирањето на владата и еден ден откако Уставниот суд објави дека копретседавачот на „Продолжуваме со промената“, кој е познат и како идниот премиер, имал двојно државјанство на 10 мај кога со претседателски декрет е  именуван за министер. Но, тој изјавил дека има само бугарско државјанство, што, според правниците, значи дека потпишал документ со неточна содржина.

Грција: Ковид серификат и за во црквите

0

Грција воведе нови ограничувања кои ги обврзуваат верниците да покажат негативен тест за Ковид-19 за да присуствуваат на богослужбите по зголемувањето на бројот на новозаразени во последните недели. Според новите правила, на невакцинираните лица им е забрането да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали, дури и ако тестот е негативен за корона вирусот. Вчера  беше првиот ден кога оние кои сакаа да присуствуваат на богослужбата мораа да покажат негативен тест.

Сепак Северна. Советниците од ВМРО ДПМНЕ , свечените изјави ќе ги препрочитаат

0

Северна надвладеа и советниците на ВМРО ДПМНЕ  свечените изјави ќе ги препрочитаат за седниците и сите донесени одлуки да бидат валидни:

„Нема да ги препрочитаме свечените меѓутоа ќе ги тераме сите правни закони и ќе ги чекаме одлуките“ туку изјави Душко Иванов, координатор на СГ на ВМРО ДПМНЕ – Штип

Дадените заклетви без Северна, за советниицте од СДСМ беа причина тие да не учествуваат на седниците на Советот. Дали сега ќе го сменат мислењето, откако нивните колеги од ВМРО ќе прочитаат нови изјави:

„Свечената изјава е основ кој ни дава легалитет и легитимитет да донесуваме одлуки. Изјавата со кој се врши грубо кршење на Уставот,не може да произведе ниту легалитет ниту легитимитет. Постапките за донесување на одлуките според нас, мора да бидат повторени“ изјави Маријана Рогожарска Поповска, координатор на СГ на СДСМ – Штип

Меѓутоа единствената советничка на Левица во штипскиот совет , нема намера да попушти пред Северна

Нема да учествувам на таа седница. јас потпишав една изјава и немам намера да потпишувам друга. Се додека Законот не се смени, таа изјава за мене е валидна, кажа Сенада Ибраимова.

Што ова ќе значи за валидноста на советничкиот мандат и учеството на Ибраимова во Советот , веројатно повторно ќе треба да се изјасни Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Атеље и слики за Ликовната академија и Музејот

0

Комплет ликовно атеље и над 30 дела, графики, на познатиот македонски сликар Горги Чулаковски Ѓото, денеска се донирани на Ликовната академија при УГД и штипскиот Музеј. Ги донираше сопругата на покојниот Џото,Верица Топаловиќ – Чулаковска. Во истовреме отворена е и изложба со дел од творечкиот опус на овој познат графичар.

Компензациско садење на дрвја во Кочани

0

На улицата „Тодосија Паунов“ на пешачката зона се засадени низа дрвја , како компензација за претходно исечени во оваа зона. Согласно Законот за урбано зеленило, за сечење дрвја во градежна парцела сопственост на физички и правни лица потребно е претходно да се поднесе барање до општината. По излегување на терен од страна на одговорните лица, се изготвува записник и потоа се издава решение за отстранување на зеленило до барателот

Награди за војниците кои ги гаснеа пожарите

0

Со 20, односно 10 илјади денари ќе бидат наградени армиските лица кои учествуваа во гаснењето на августовските пожари низ земјата:

– Армијата со својата храброст и пожртвуваност во гасењето на пожарите летово, уште еднаш покажа дека граѓаните имаат на кого да се потпрат. Не го правевте тоа за парични награди, пофалници или слободни денови, туку поради зборот што го дадовте во својата служба – да ја заштитите државата и да ги одбраните своите граѓани. Затоа и ние го одржавме зборот и обезбедивме и пофалба и награда. Ви благодарам и ви честитам, вели министерката Шекеринска.

ЕУ ќе наградуваaт „зелени “ општини

0

ЕУ секоја година ќе наградува по една општина за имплементација на зелената агенда:

Европската Унија може да помогне со нудење експертиза, совети и со значително финансирање во рамките на инструментите со кои располага: „Климатските промени не можат да се надминат преку одделни иницијативи – Европската Унија е подготвена да направи повеќе, но потребни се сеопфатни политики, со силна политичка посветеност и соодветни административни капацитети на национално и локално нивo, со вклученост на граѓаните и на изворните иницијативи.“ изјави Дејвид Гир, евроамбасадор

Од среда ќесите ќе чинат 15 денари

0

Од 1 декември стартува забраната за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон. Дозволена ќе биде само продажба на биоразградливи кеси кои ќе бидат екстра лесни и за кои ќе се плаќа надоместок од 15 денари, кој во поголем дел ќе оди во Фонд за заштита на животната средина.

Бензините поевтини, дизелот непроменет

0

Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 и на Екстра лесното масло за домаќинство, се намалуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на еуродизел не се менува, одлуки денес Регулаторната комисија.

Новите цени на нафтените деривати се следниве: еуросупер 95 – 74,50 (денари/литар), еуросупер 98 – 76,50 , еуродизел  66,50 и екстра лесно 1 масло за домаќинствата  65,50 денари/литар.

Физички напад во с. Грдовци

0

Физички напад е регистриран во виничкото село Грдовци, а актери се двајца соселани. Случајот во полиција го пријавил 38-годишник кој како напаѓач посочил лице со иницијали М.К.